contact@gotvimesofico.mk

23
ное

Мезе од тиквички

Периодов е таков и ни налага да јадеме што повеќе лук! Е сеа, за да не морам да го јадам како бонбони, морам да смислувам начини како да се налапам лукче! :)

Прво, ќе исецкате тиквички (јас стокмив пет комада, сеа не се големи тиквичките) на кругови со дебелина од околу 1цм. Можете и малку потенко не е страшно, само немојте претенко зошто ќе омлитават. FIC_0053Во загреано тавче ќе ставите околу 4 лажици маслиново масло и ќе почекате добро да се загрее, потоа ги спуштате тиквичките. Внимавајте маслото треба да биде добро загреано во спротивно тиквичките ќе го впијат и ќе бидат тужни за јадење! 😉FIC_0056Потоа, пржените тиквички ги редите во чинија за сервирање (доколку треба да ги редите на неколку спратови осигурајте се дека секој спрат е наросен со лукче и магодонос). На страна исецкајте лукче и магдонос (ситно). FIC_0062Наросете ги тиквичките одозгора и пропрскајте ги со ладно цедено маслиново масло, потоа посолете ги и на крај попрскајте малку оцетче. Оставете ги да отстојат вака околу час и половина и потоа се спремни за мезење. Ова мезе е добро што можете да си го спремите и еден ден однапред, само ставете му стреч фолија и спремно е за нареден ден (чувајте ги во фрижидер).

На здравје нека ви е ова мезе, а и добро е против настинки! 😉

 

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар