contact@gotvimesofico.mk

21
авг

Загорски Штрукли

Дојдов до многу интересен рецепт! Толку се вкусни, што моментално седнав да го искуцам рецептов! 😉FIC_0055Се работи за рецепт кој во постапката има тегнење кори, меѓутоа не е страшно! Едноставно е!

Во вангла за месење ќе ставите 250гр брашно тип400, 1 јајце, 1 лажица масло за готвење, 100мл млака вода и ќе замесите меко тесто. Ќе го намачкате со масло одозгора и ќе го оставите да отстои околу 20 минути.FIC_0036На голема маса, ќе постелете чист чаршаф на кој што можете да тегнете кори. Јас имам стар чаршав кој ја доби таа улога! :) Ќе го набрашните чаршафот.

Прво со сукало ќе го отворите тестото ама не до крај туку во големина со околу 40 сантиметри дијаметар. Потоа ќе го земете со надворешниот дел од дланките и ќе го растегнете колку што можете. Внимавајте да не го скинете. Потоа ќе го постелете на чаршафот и ќе го тегнете во по малку од секоја страна. Ќе добиете тенка кора која ќе ја исфилувате од двете страна (како на сликата подоле).

Кората ја филувате со 500гр кравјо сирење (може и младо сирење), 1 јајце, околу 30гр путер и малку сол. Ќе ги измешате состојките за да добиете една смеса.FIC_0042Потоа ја затворате кората за да добиете две кори кои ќе бидат поставени паралелно.FIC_0043Потоа со дланката ќе притиснете на секои 12 сантиметри за да добиете посебни банички, ќе притиснете јако за да се залепи кората и потоа ќе ги исечете со нож.FIC_0045Наредете ги штруклите во намастено тавче, намастете ги и одозгора со растопен путер и ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 степени, 15 минути.FIC_0047По 15 минути прелејте ги со измешана хомогена смеса од 200мл павлака за готвење, 1 јајце, малку сол и 40гр растопен путер, вратете го тавчето во рерна и печете додека не се поврзе смесата и додека не добиете румена боја на штруклите.FIC_0050На здравје! 😉FIC_0053FIC_0056

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар