contact@gotvimesofico.mk

За Фичо

Збор, два, три :)

Фичо во кратки црти

За оние кои не ме познаваат, се викам Филип Поповски а пријателите ме викаат Фичо. Роден сум во Скопје и  во декември полнам триесет години. Дипломирав на Правниот Факултет “Јустинијан Први” во Скопје, а подоцна како стипендист преку ТЕМПУС програмата на Европската Унија, магистрирав  на Универзитетот во Стразбур, Франција (Joint Degree програма). Додека студирав работев како професионален фотограф во повеќе магазини, неколку весници и новински агенции. Многу убав период од мојот живот бидејќи фотографирањето навистина ме исполнува. Со камерата во раце прошетав многу места, запознав прекрасни луѓе и успеав да ја запознаам Франција од еден поинаков агол. На овие патувања учев за готвењето и за француската кујна.Уживам во храната и во новите вкусови, и тоа е така откако паметам за себе : )

Љубов кон готвењето

Уште пред студиите сакав да готвам. Има нешто магично во тоа кога сам ќе зготвиш нешто, а тоа излегува и повкусно од првичниот рецепт. Да, комплиментите посебно ми се драги : )Готвењето ми беше пасија. Се повеќе се интересирав, читав, учев и оваа моја таканаречена пасија или хоби стана малку посериозна од што очекував. Започнав со обуки и теоретски се надградував и во еден момент сватив дека ова е навистина она што искрено сакам да го работам. Така и започнав со снимање на емисија за готвење која досега брои над 150 рецепти.

Готвиме со Фичо

Проектот “Готвиме со Фичо” ми е доста драг проект и тој постои веќе 2 години. Исто така значаен проект во кој сум учествувал како шеф на кујната е организирањето на Француската вечер “Good France” како дел од светскиот настан “Денови на Француска Кујна”. Денес сум Бренд Амбасадор на Coca-Cola во Македонија.

Вкусна статистика

Кога готвам имам едно нешто на ум. Насмевката на лицето на оние кои ќе го вкусат јадењето. Затоа и ретко јадам сам, а богами и не штедам на здрави свежи и вкусни состојки. Во рок од 2 години направив повеќе од 150 разновидни рецепти, запознав многу готвачи, аматери и професионалци и  потрошив повеќе од:  

Салати
Тестенини
Десерти
120кг
Овошје
500кг
Зеленчук
1000кг
Брашно
500л
Масло

Ajде да јадеме заедно

Тајната на вкусот

Сакам кога сите сме седнати на маса и ручаме заедно. Заедно е повкусно, заедно е практично! Кога ручаме и со поглед се разбираме! Само ќе ја погледнам мајка ми и таа веќе знае дека тоа е “благодарам што го направи моето омилено јадење”. Ќе погледнам кон жена ми и таа знае дека треба да ми ја дополни чашата со Coca Cola. И кога ќе ја наполни, сите креваме чаши и наздравуваме за вкусниот ручек. Заедно јадењето е позабавно! Се мислам кој би ми ја подал солта кога би јадел сам? Хи хи. Ма заедно сме супер!