contact@gotvimesofico.mk

23
мај

Зеленчукова Лазања

Ова е малку поинаква лазања, различно се гради од стандардната. Превкусна е! На рингла ќе ставите длабоко тенџере и во него ќе спуштите 1 ситно исецкана тиквичка на форми по ваш избор, 1 голем морков изрендан на крупно ренде, 1 страк праз (добро измиен), исецкан на тенки кругчиња, 250гр шампињони печурки исецкани (пицерски) на тенки ливчиња и 2 пиперки зелени исецкани во димензија на тиквицата, посолувам, наросувам со црн бибер и пуштам да се продинста. Треба да се намали дупло во волумен.

Додека се динста (нормално ќе промешувате да не загори на дното) ќе земете тавче за печење, ќе го намачкате со путер и ќе наредите кори за лазања како подлога.

Смесата веќе би требало да биде готова (после 20-тина минути динстање), ја редите врз корите и убаво ќе ја натапкате со лажица.

На страна ќе изматите 3 големи јајца, ќе им додадете прстохват сол и 1 лажица млеко.

Со смесата од јајца ќе ја прелеете лазањата. Ја ставате да се пече во загреана рерна (без вентилатор) на 200 степени, 20 минути. Потоа ја вадите од рерна ја полевате со 200мл павлака за готвење и одозгора и ставате околу 200гр рендан Ајдамер кашкавал. Допекувате уште 10 минути на 200 степени со вентилатор – или печете додека не зарумени кашкавалчето. 😉FIC_0834Одморете го малку семејството од ручек со месни продукти и згответе ја оваа различна, но многу вкусна лазања од зеленчук! Изладете Кока Кола шишенца (грч ладни) и ручекот може да почне! 😉

Остави коментар