contact@gotvimesofico.mk

09
јул

Веган Бургер

Сум бил скептик дека вегански бургер може да биде вкусен… Ми збореле луѓе дека овој тип на бургери се многу вкусни итн. итн. Вчера ме фати едно лудило да земам и сам да направам веган бургер па да видам како ќе излезе. Значи овој рецепт ми е прв обид! :) Не беше лош воопшто, баш напротив се изненадив од оваа комбинација што сосема случајно ми текна да ја склопам. 

Прво и основно не купив класичен леб за бургер од причина што овие лепчиња имаат малку благуњав вкус што автоматски не ми се спојува со овој тип на плескавица. :)

И морам да признаам дека испочитав еден куп материјали околу веганскиот начин на живот за да можам да се внесам и да размислувам на тој начин.

Во голем сад за мешање ќе ставите 400гр црвен грав од конзерва (претходно измиен и исцеден) и 300гр наут од тегличка.Grav-nautЌе ги испасирате со рачен блендер и ќе им додадете една лажица дупло концентрирано доматно пире, 4 лажици сушен власец, сол, 3 лажици презла и 1 лажичка прашок за пециво. FIC_0008Во целава приказна ми фали јајце за да ја спои смесата, па по интернет најдов дека замена за јајце во веганска исхрана е 1 лажица меленo ленено семе помешан со 3 лажици вода. Така и направив! Како последна состојка ја додадов смесата од ленено семе. Додадов и малку мелен ким од причина што многу добро ми оди со црвен грав. 😉

Се заедно се промешува и се става во фрижидер да одмори (околу 1 час). Потоа формирате плескавици и ги редите на хартија за печење.FIC_0015Вака наредени одат на печење околу 20минути на 200 степени (со вентилатор). Доколку немате вентилатор оставете ги уште 5 минути плус да се печат.FIC_0024Плескавицата ми е готова. Сеа одиме на склопување на бургерот! Тоест надополнување на вкусовите.

Лепче набавив различно, несекојдневно за бургер. Нема правило! Го сечам на половина, го мачкам со барбиќу сос на двете половини, со тоа што на долното лепче веднаш ја положувам плескавицата па ја премачкувам со намаз од зелени маслинки и луто пиперче! Врвен е! Сам си го правам и си го чувам во теглички (мелени маслинки помешани со луто зелено пиперче). Потоа ставам 2-3 листови од марула (секогаш користам листови само од средината за да ми бидат по крцкави), па неколку кругови црвен кромид, едно поголем круг од домат и затварам радња! :)FIC_0035Јадеш и не ти е жал што ќе се прејадеш зошто се е направено од зеленчук, а нели зеленчукот е као поздрав од месото! :) Не се закачам со вегани, немам ништо против! 😉 Поздрав вегански другарчиња, се читаме за кратко, планирам да правам повеќе вакви рецепти, ова е само почеток! 😉 FIC_0030

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар