contact@gotvimesofico.mk

14
мар

Тарт со домашен ванила крем

Фантастичен десерт, децата го обожаваат! 

Прво, тестото за тартот:

Во длабок сад ставете 250гр брашно (сенаменско) и 125гр путер, битно е путерот да е ладен, спојте го со брашното, додадете 1 јајце, 2 лажици шеќер, 1 лажичка ванила арома и 1 лажица ладна вода, замесете сипкаво тесто.FIC_0018Тестото завиткајте го во фолија и оставете го во замрзнувач десетина минути. Потоа отворете го со оклајгија да добиете кора со дебелина од околу 5 милиметри, постелете ја кората во калап за тарт, избоцкајте го со вилушка и постелете го со хартија за печење, а хартијата наполнете ја со ориз или камчиња за печење и печете го вака тестото околу 15-тина минути на 210 степени, потоа извадете ја хартијата и вратете го во рерна да се пече од 5-8 минути.

Додека се пече направете го кремот:

Во тенџере ставете 2 шолји млеко со 1/2 шолја шеќер, оставете да дојде до степен на зовривање. На страна измешајте 1/2 шолја ладно млеко со 2 лажици густин. Смесата со густин додадете ја во топлото млеко, намалете ја температурата и мешајте со жица додека не се згусне. Откако сте добиле густ крем оставете го да се лади меѓутоа на површината постелете го со стреч фолија за да не формира тврда корка (да не се засуши). Откако ќе се олади кремот додадете 2 лажички ванила арома или семе од две стапчиња ванила. Промешајте со жица да се изедначи. 

Во мала сосиерка растворете 1/2 пакетче говедски желатин со 4 лажици вода, внимавајте да се загрее но да не проврие. Растворениот желатин додадете го во кремот и мешајте да се спои со кремот. Откако ќе го направите овој чекор кремот е спремен за да го излиете во тартот.

Потоа декорирајте го по желба. Јас додадов топчиња крем од амарето и валанда и на врвот украсив со зашеќерени ливчиња од роза, на крај, пред сервирање го прелив со домашен карамел сос. Вие направете го по ваш вкус. 

*Најбитно е пред сервирање да го оладите тартот во фрижидер околу 30-тина минути.
FIC_0017Десертот е спремен и за најпребирливите! 😉

Остави коментар