contact@gotvimesofico.mk

06
фев

Туна Врап

Ми се пријаде нешто свежо, вкусно и хранливо… Решив да си напраам туна врап и да го споделам со вас! 😉FIC_0502Ќе набавите големи тортиљи или ќе си направите сами (имам објавен рецепт). На тортиљата намачкав 2 лажички мајонез со тартуфи (го има во поголемите маркети) – ваков мајонез можете да си направите и сами со тоа што ќе помешате обичен мајонез со маслиново со вкус на тартуф. Потоа врз мајонезот ќе ставите исецкана кинеска марула (околу 3 листа), врз марулата ставате една конзерва туна (претходно исцедена од маслото).FIC_0504Врз туната ќе намачкате 1 лажичка дижон сенф и врз него ќе наредите 4 кисели краставички претходно исецкани на долги лентички. Потоа врз краставичките повторно додадете малку кинеска марула и на крај ќе завршите со тенко исечен бел кромид (околу 1/8 од главица).

Внимателно завиткајте ја тортиљата и исечете ја на половина. Овој оброк јас го замислив со чипс и сосче благ чили сос! Топ ми оди! 😉 На здравје! 😉FIC_0507

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар