contact@gotvimesofico.mk

04
јул

Туна Сендвич

Ми се пријаде сендвич, ама полабав… Туна, туна сендвич е одговорот! :) 

Со секој сендвич многу е битно лепчето да грми! Мора да е најтазе на свет! :)

Го сечам на половина и на едната страна мачкам мајонез, а на другата песто, па одозгора редам тенко исецкана зелена пиперка! 4Потоа врз пиперката ставам малку сенф дижон – го обожавам, секое топче крцка и вкусот му е сто пати боље од обичен мелен сенф! :)

И на крај врз сенфот ставам една конзерва туна, вие ако сакате можете да играте и со свежа туна (кратко пржната), многу добро може да излезе! 😉3Па врз туната ставам неколку тркалца сув домат, топ ми иде во оваа комбинација и на крај се покривам со два листа марула! 😉 

Лесен сендвич и за правење и за јадење! 😉2Класичен летен сендвич што ќе ве држи сити долго време…! 😉 1

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар