contact@gotvimesofico.mk

28
фев

Вртена сукана пита

Бев во село Сачево или што би рекле струмичани С’чево. Таму имав можност да научам да сукам кори од баба Зуле која веќе 40 години сука кори и око не и трепнува! :) Или што би рекла она ги чинуваш корите! :)

Ок, се работи за рецепт кој бара малку повеќе пракса. Али нема некоја посебна филозофија, се е во напорниот тренинг. Сака да повторуваш и повторуваш и повторуваш, додека не ти излезе кора тенка за да можеш да прочиташ весник низ неа. :)

Тестото е просто, ќе замесите тесто од 1кг брашно, 630гр млака вода, 1 лажица сол, 1 лажица шеќер, 35гр свеж квасец и 2 мали лажички оцет. Оставете го да стасува на собна температура околу 1 час и 15 минути. За тоа време ја пиев кафе со баба Зуле и разговаравме за начинот на кој се спремало во минатото. Интересно е што овие стари домаќинки немаат рецепти, туку се прават на осет, па морав да мерам за да можам да ви пренесам што можам поточно.

И што е уште поинтересно, секогаш тестото и е исто! Нема утка! :) Си добив и подарок сукало старо повеќе од 100 години! :) 

Откако ќе стаса тестото премесете го и поделете го на топки (баба Зуле кине од тестото отприлика), ќе гледате да бидат околу 200гр. Посипете го секое топче со густин и почнете да го сукате. 

Ќе внимавате тестото секогаш да биде покриено со густин за да не се искине. Зуле вика дека во минатото се сукало со брашно ама со годините открила дека со густин е многу подобро и полесно. Али можете и со брашно.

Откако ќе отворите кора со дебелина од 2 милиметри ја попрскувате со зејтин и со смеса која сте одлучиле да ви биде полнеж во ова пециво. Јас користев јајца и сирење. Домашно сирење и домашни јајца – нормално во село сум, грев би било да користам купечки! Дури и брашното беше од селски млин! :) FIC_0596Потоа со рака лесно ја превртувате кората – ќе внимавате да не ја набиете.FIC_0599На крај завртете ја во круг. Фактички почнувате да ја вртите питата од средината кон надвор.FIC_0598Откако ќе ја наредите цела тава, оставете ја да стаса на собна температура околу 30 минути.FIC_0601Ставете ја да се пече на 220 степени околу 13-15 минути, а потоа намалете на 200 степени и печете додека не ја добиете посакуваната боја на корката, меѓутоа не повеќе од 30 минути во тотал (зависно од тоа како ви пече рерната).FIC_0620Што да ви кажам… :) ова мора да се проба за да може да се разговра за истото! :) FIC_0623

Остави коментар