contact@gotvimesofico.mk

28
фев

Фантастичен селски леб

Во последно време се повеќе работам на рецептури поврзани со леб. Верувам дека месење леб е посебна дарба и техника и посебно ги почитувам рецептурите за добро домашно лепче! :) 

Овој леб е навистина фантастичен и многу лесен, единствено што е потребно е позитивна енергија, без неа не бива добар леб! 😉

Замесете тесто од 500гр бело брашно (ако успеете да најдете селско домашно брашно, употребете го), 330гр млака вода, 20гр свеж квасец, 1 мала лажичка бел алкохолен оцет, 15гр сол, 10гр шеќер и 10мл сончогледово масло (маслото секогаш додавајте го на крај, откако ќе формирате тесто). Оставете го да стасува на собна температура (покриено со најлон или фолија) околу 1 час.

*Нормално квасецот ќе го растворите во млаката вода заедно со шеќерот и ќе го оставите малку да почне да ферментира. Па потоа ќе го додадете во брашното и ќе замесите тесто.

Откако ќе стаса тестото, лагано премесете го, без многу притискање. Потоа поделете го во две топки и формирајте две векни леб со зашилени краеви. Ставете ги векните во набрашнет плех за печење и одозгора наросете ги со брашно, оставете ги вака да стасуваат уште 30-тина минути. Потоа со жилет направете засеци, оставете ги да се отворат околу 1 минута и ставете го лебот да се пече во загреана рерна на 200 степени, околу 15-20 минути или додека не ја добие посакуваната златеста боја. FIC_0638Не се разочарувајте доколку не го погодите од прв пат, сепак леб е посебна наука и пракса. Секој нареден леб ќе ви биде подобар и подобар. Само напред! 😉 

 

Остави коментар