contact@gotvimesofico.mk

04
апр

Леб со суви домати

Многу едноставно, а ништо друго не ви е потребно како додаток. :)FIC_0088Во вангла за месење ставете 400гр брашно од кое 300гр обично бело брашно и 100гр интегрално брашно. Во средината на брашното направете празнина во која ќе ставите 200гр млака вода и едно пакетче сув квасец. Додадете еден прстохват шеќер и од страна додадете една лажица шеќер. Оставете го на страна десетина минути додека не почне квасецот да ферментира. 

Потоа замесете меко тесто и оставете го да стасува околу еден час на собна температура. потоа расукајте го и додадете 200гр сецкани суви домати. Замотајте го тестото во векна леб (јас го замесив во неправилна форма – така повеќе ми се допаѓа) и оставете го да стасува уште 30минути на собна температура.

Потоа ставете го да се пече на 200 степени, околу 25 минути.FIC_0089Ќе добиете леб на кој не му е потребен никаков додаток, слободно можете да го послужите како предјадење! 😉

 

Остави коментар