contact@gotvimesofico.mk

11
авг

Солени Бисквити (тостерки)

Јас ги нареков солени бисквити, а во тефтерот на мајка ми се под наслов тостерки. Може да бидат благи и солени, ги пробав и двете варијанти и морам да признаа дека победија солените, па затоа решив да ги споделам со вас. Лесни се за правење, потребен ви е само тостер.

Ќе замесите тесто составено од 3 јајца, 200мл млеко, 1 лажичка сол, 1 лажица шеќер, 1 пакетче прашак за пециво, 200гр путер и 700гр брашно.IMG_3226Ќе добиете тврдо тесто кое ќе го поделите на топчиња во посакувана големина, најдобро е да бидат 40гр. Ги редите на тостерот и ги притиската, така оставате да се печат од 10-15 минути. Мојов тостер е малку постар па ми требаа 15 минути, доколку имате помодерен, понов веројатно ќе ви одземе помалку време. Кога ќе почнат да заруменуваат се готови. Оставете ги да се оладат па потоа може да ги послужите.FIC_0031Можат да се чуваат и до 7 дена. Меѓутоа избегнете го фрижидерот заради влагата, може да омекнат.FIC_0029 2Направете ги и пишете ми како ви излегоа. Поздрав екипо! 😉

*Можете да додадете 100гр рендан пармезан во целата смеса, перфектно ќе се вклопи.

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар