contact@gotvimesofico.mk

05
мај

Тирамису во теглички

Тирамису е еден од најпознатите десерти на денешницата и го имам сретнато во многу облици. Многу ми се допадна идејата за сервирање во теглички! FIC_0057Слушам ваков или онаков рецепт за Тирамису… јас ќе ви го кажам оригиналниот, а вие после менувајте го и експериментирајте! 😉

Двоите 4 белки од 4 жолчки. Во белките додавате 4 лажици шеќер и ги матите (со миксер) за да добиете цврст беланец. Жолчките ги ставате на пареа, им додавате 3 лажци шеќер и 3 лажици виски. Матите додека не почне да се згуснува со структура на крем. 

Откако ќе ги завршите овие две постапки во жолчките додавате 500гр Маскарпоне сирење и матите со шпатула додека не добиете еднаква смеса, потоа го додавате беланецот на три пати и мешате со шпатула додека не добиете Тирамису крем. Внимавајте, во никој случај немојте да матите со миксер од причина што ќе го истиснете воздухот од кремот и ќе се сплеска или како што вика мајка ми – плескавица крем! :) Тоа не го сакаме! 😉

Е сеа кремот го имате ви фалат уште бисквитите (пишкоти). Најдобро е ако имате еспресо кафе, ако немате да сте живи и здрави – користете инстант кафе! Во сад ќе растворите околу 150мл кафе и секоја пишкота ќе ја извалкате кратко во кафето.

Претходно ќе наполните стаклени теглички (веќе ги има и на пазар) со кремот до пола, па редите од натопените пишкоти (бисквити), па одозгора пак затворате со крем и на крај морате да наросите со какао – и тоа ја ставам убав слој!FIC_0059Овој десерт можете да го конзумирате веднаш, но би било добро да го оставите едно 2-3 саати да отстои во фрижидер. Бидејќи има живи јајца не препорачувам да го чувате подолго од 2 до 3 дена во фрижидер.

Уживајте драги мои! 😉FIC_0058

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар