contact@gotvimesofico.mk

19
сеп

Традиционално Тирамису

Порано коа идевме кај баба ви текнува ли дека секогаш имаше нешто благо за каснување? Епа ако баба ви е италијанка секогаш ќе има да ви понуди тирамису! Тоа е класичен италијански рецепт кој секогаш ќе го најдете во фрижидер кај италијанските домаќинки. Ако можат они, можеме и ние, па така ви го давам рецептот за класичното италијанско тирамису.

Прво, ќе набавите 4 јајца, ќе ги одвоите жолчките од белките. Во белките ќе додадете 4 лажици шеќер и ќе ги изматите во цврт снег. Во жолчките ќе додадете 4 лажици шеќер, ½ лажичка ванила арома и 2 лажици виски. Жолчките одат на пареа, ги матите континуирано додека не се зацврснат, треба да добиете структура на крем.FIC_0241FIC_0242Потоа во жолчките ќе додадете 500гр маскарпоне сирење и ќе матите со шпатула додека не се спои во еден крем. Е тек сеа етапно додавате од снегот од белки (во три етапи). Цело време мешате со шпатула за да го задржите воздухот кој ќе се создаде во тирамису кремот. Во превод тирамису значи „подигни ме“ – тоа значи дека се работи за крем кој е лесен со густ волумен.FIC_0259Кремот ви е споен.FIC_0246Сега ви требаа бисквити или италијаните ги нарекуваат „бискоти“ или уште ќе ги најдете како пишкоти – тоа е еден вид на бисквити кои се поросени со шеќер и имаат долгнавеста форма.FIC_0251FIC_0252Во чинија на страна ќе растворите една лажичка инстант кафе во 1 шолја млеко. Или правилно доколку имате треба да ставите 2 дози еспресо. Потоа секоја пишкота ќе ја извалкате во оваа мешавина и веднаш ќе ја ставите во тавчето кое сте го предвиделе за овој десерт. Најчесто се користи долгнавесто тавче, порцеланско или стаклено. Значи, редите еден ред пишкоти па ги покривате со крем и така правите три спрата. Последниот спрат или финалето на рецептот е крем кој ќе го наросите со какао (низ сеалка).

Потоа морате да го оставите во фрижидер минимум 3 часа, а најдобро е преку ноќ. Јас избрзав за да извадам парче па малку ми се раздвои, меѓутоа не е страшно кога се работи за домашни услови – школо за нареден пат! :)

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар