contact@gotvimesofico.mk

02
апр

Моја варијанта на Тартар бифтек

Сите сме слушнале дека за Тартар се потребни милион зачини и специфичен начин на подготовка. Да точно е, ама за пред 20 години… :)

Денес ова предјадење може секој да си го приготви дома и тоа многу лесно!FIC_0123Јас набавив 250гр зреен бифтек 30 дена (можете и со свеж бифтек, пробував со зреен и излезе перфекција), го исецкав ситно на коцкички. Значи не онака лупање со сатар како ти дојде туку буквално го средив на коцкички од 3 милиметри. Можете и со сатар да го искасапите не е проблем, но никако немојте да го мелете на машина. Да бил така убав сите така ќе го праеле! :)FIC_0090Ситно исецкав една корнишон кисела краставичка, една лажичка морска сол, ситно исецкав и една лажица магдонос и паста од лута чили пиперка (ги има готови по маркетите). Во друг сад спремив за матење една жолчка од јајце, 1 лажичка сенф дижон и 1 лажичка не мелен сенф или синапово семе. Ги изматив овие состојки и ги измешав со месото (со помош на лажица). Потоа додавам два инчуни (ситно исецкани), па повторно мешам да се спои смесата и на крај во последното мешање додавам ¼ од мал црвен кромид, исто така ситно исецкана. Кромидот го додавам на крај зошто не сакам да го измалтретирам мешајќи со претходните состојки.FIC_0102*Овие состојки ги додавам јас како што ми одговара на мојот вкус. Вие можете слободно да ги измените доколку мислите дека нешто треба да се изостави, да стави повеќе или помалку. Експериментирајте, затоа е интересно да се занимаваш во кујна! 😉FIC_0100На крај го сервирав во една коцка модла што ми се најде по дома и го сервирав со печен леб и цветови од путер (кои што исто така се дел од декорација на ова јадење). Руколата ја ставив онака, зошто ја имав! :) :) :)FIC_0118

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар