Сутлијаш
Традиционален десерт кој не верувам дека некој не го пробал. Еве ви едноставен рецепт како да го направите по дома и тоа многу брзо!
Како бонус во овој рецепт ќе покажам и идеја како да направите чоколаден сутлијаш, тој е многу боље според мене! 😉 Значи, ставате 2 шолји ориз (кочански)
во тенџере и му додавате 4 шолји вода, ќе го оставите да проврие оризот и да ја упие целата вода. Потоа на три пати додавате 1 литар млеко и 6 лажици шеќер, како зачин додавате 1 лажица ванила арома или 1 стапче ванила, ако ја имате како плод.
Додека се вари цело време мешате за де на загори на дното. Откако оризот ќе го впие 90% од млекото го тргате од рингла и полните во чинивчиња кои сте ги предвиделе за сутлијаш.
*Мал трик имате тука, секогаш намокрете ги чиниите за врелиот сутлијаш – така нема да се залепи по чинијата.Доколку сакате да направите чоколаден сутијаш на оваа цела количина треба да додадете квалитетно млечно чоколадо, околу 300гр.