contact@gotvimesofico.mk

26
јун

Летни Тиквички

Полнети тиквички ми е едно од омилените ручеци! Ги имам пробано во сто варијанти оваа е една од подобрите! Нема месо и е супер рецепт за летото! 

Ќе набавите големи тиквички, ќе ги исечете на половина, по должина. Потоа внимателно ќе ги издлабите двете половини (до добиете дебелина ѕидовите по 5мм. Средината од тиквичките ќе ја исецкате ситно.

На загреана тава ќе ставите да се пропржат околу 300гр печурки шампињони заедно со две чешниња лукче ситно исецкани. Ќе им додадете и ситно сецкан кромид, па по 2 минути ќе ја додадете средината од тиквичките која ситно ја исецкавте. Се заедно пропжете додека не се смали за дупло во волумен, нормално посолете и наросете со црн бибер по желба, дури кој сака луто може да додаде и лут буковец топ би се вклопил.

Наполнете ги тиквичките со пропржената смеса и ставете ги да се печат на 200 степени, околу 15 минути. Потоа ставете им одозгора рендан Ајдамер кашкавал и печете ги уште 12-15 минути. Сервирајте ги топли.

На здравје! 😉FIC_0977

Остави коментар