contact@gotvimesofico.mk

25
јул

Летни лимон колачи

Идеш на одмор и децата ти пекаат за нешто блачко… тука настапуваш со топ летен рецепт! Лесен, не ти зема многу време а вкусот е газење! 😉FIC_0137Во сад за матење (по можност со миксер) матите ½ шолја путер со ½ шолја шеќер. Ќе добиете кремаста смеса. Потоа додадете едно јајце и продолжувате да матите додека не се спои.

Потоа во истиот сад додавате сок од 1 лимон и кора од 1 лимон, 1 ½ шолја брашно, ½ лажичка прашак за пециво и прстохват сол. Спојте ги состојките со шпатула и оставете ја смесата да одмори минимум 2 часа во фрижидер.

Со лажица (ако имате слаткарски шприц користете го) ставете по едно топче на хартија за печење. Печете на 200 степени, околу 10 минути.

Добивте одлични лимон колачи кои се освежителни и можете да ги комбинирате со кафе, сок или со сладолед како што направив јас! :)FIC_0134Со сладолед се врв! Јас ги комбинирав со сладолед од ванила – омилен ми е! 😉

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар