contact@gotvimesofico.mk

26
фев

Штрудла со јаболка

Не верувам дека постои човек што не би се завртел на штрудла со јаболка!

Кога ќе одам кај моите на гости, уште од влез мириса на штрудла со јаболка… тоа е тој мирис на цимет со печени јаболка! Фантастично!

Ок доста е драма, идеме на рецептот! Хаха

Потребни состојки:

  • 3 поголеми јаболка
  • ½ лажичка цимет
  • 200гр шеќер
  • 100гр ореви
  • 500гр свежи кори
  • шеќер во прав (за топинг)
  • сок од 1 лимон
  • 1 сув квасец

 

Прво што праиш ја рендаш јаболката и ја полеваш со сокот од лимон, како рендаш така полеваш, постепено. Лимонот ќе го успори процесот на оксидација.Rendano-jabolkoТавче на рингла му го ставаш шеќерот да се карамелизира. Внимавајте, секоја рингла загрева со различен интензитет. Шеќерот треба да добие светло кафеава боја, меѓутоа не да потемни, тогаш може да прегори и да почне да горчи наместо да биде благ.

Исто така во овој случај не ни треба да добие течна хомогена структура, туку само да почне процес на топење. Тогаш се додаваат ренданите јаболка и циметот. Мешате се за да се спои во една смеса.

Тргате од рингла, овој процес не трае повеќе од 4-5 минути.

100гр ореви ќе ги измелете, меѓутоа не многу ситно.Meleni-oreviГи додавате во јаболката и мешате да се спојат.

1 кесиче сув квасец ќе го растворите во млака вода со малку шеќер.

Со квасецот попорскувате помеѓу секоја кора, така ќе добиете воздушаста штрудла (ова е добра фора и со друг пити од кори што би ги правеле)

Секоја штрудла ја правите од три кори во слоеви (помеѓу попрскани со растворениот квасец), потоа ставате од мастрафот и ролате за да добиете форма на штрудла.

Правите вакви ролни колку што ќе имате кори и ги редите во плех за печење. Печете околу 15-20 минути на 200 степени (без вентилатор) доколку е потребно да печете уште малку, печете додека не заруменат корите.

Откако ќе ги извадите од печење ги оставате малку да здивнат и ги наросувате со шеќер во прав или ко што би рекла баба ми: Прах шеќер! ХахахахаStrudla-so-jabolka-final2Епа екипо тоа е тоа… Останува да го направите рецептов, да го пробате и да го споделите со најблиските! Поздрав, се читаме наскоро.

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

6 Коментари

  1. kika gjuzelova

    Stosot so kvasec ti e na mesto,pali vo sekoja banica i pita so gotovi kori,epten domasno.Jas uste si vikam prah seker pozdrav

    1. Хахаха “прах” шеќер никогаш нема да исчезне! :) Квасецот дава воздух, топ е! Некој ми спомна дека и со пециво излегувало слично, се спремам да пробам на наредна пита од кори, баш ме интересира како ќе излезе. Поздрав! 😉

Остави коментар