contact@gotvimesofico.mk

10
апр

Шпагети со масло од сипа, ракчиња и рагу од зеленчук

Ок овој пат на менито имам малку поразлично јадење. Сигурен сум дека ќе ви се допадне! 😉FIC_0046Како припрема сецкате (конкасе) еден корен од целер, еден голем морков и три чешниња лук, зеленчукот ќе го измешате со 40гр грашок.

До тенџерето паркирате тавче во кое ставате две лажици маслиново масло и една лажица путер. Откако ќе почне да жубори растопениот путер, намалете ја ринглата на средна температура и додадете го зеленчукот, потоа додадете три лажици доматен сос (јас користев домашен, најдов неколку тегли во шпајз) и 1 филџан вода. Доколку немате домашен доматен сос, користете 40гр концентрирано домашно пире и 200гр блендирана полпа од домати.

Пастата (шпагетите) со масло од сипа можете да ги добиете на два начина, сами да ги направите или да ги купите готови, овој пат јас ги најдов готови и скратив малку време во постапката на создавање вакви шпагети. Не е баш едноставно и е потребна посебна машинка со која би можете да произведете шпагети (како форма). Инаку рецептот е едноставен, ако некој од вас реши да ги прави нека ми пише на Фејсбук со задоволство ќе му дадам одличен рецепт за ваква паста.FIC_0026Пастата ја варите ал денте, дури малку по тврдо ал денте зошто ќе ја доготвите во сосот.

Сосот во меѓувреме одржувајте го на средна/ниска температура.

Во сосот додадете десетина исчистени ракчиња (претходно извадете ја вената која може да нагорчува доколку ја оставите), оставете ги практично да се сварат во сосот, тоа би било за многу кратко време, да речеме 1-3 минути пред да ја додадете пастата.FIC_0032Потоа додадете ја пастата и промешајте, гответе се заедно околу 2 минути, сервирајте и послужете.FIC_0067Овој тип на храна мене многу ми одговара и верувам дека на многу од вас ќе ви се допадне! 😉 Направете го овој рецепт, пишете ми како ви излегол, ако сакате сами да ја направите пастата, слободно пишете ми за рецепт.FIC_0059Се читаме за кратко, поздрав екипа! 😉

FIC_0064

Остави коментар