contact@gotvimesofico.mk

26
авг

Црн леб со масло од Сипа

Кај нас кога ќе се спомне црн леб сите мислиме на интегрален леб. Кога јас ќе спомнам црн леб, мислам на сериозно црн леб! :) Како овој во рецептов! :)FIC_0116Се работи за лепче замесено со масло од сипа. Се продава во сите поголеми маркети и со тоа истото масло можете да зготвите многу јадења! Со ова исто масло се готви познатото црно рижото.

Рецептот оди вака:

Во сад за месење ставете 300гр бело брашно, додадете 7гр сол. Потоа со лажица направете дупка во средината и додадете 200мл млака вода и 8гр свеж квасец, врз квасецот наросете со малку шеќер (за подобро да стаса). Од страна ставете на 1 лажичка масло од сипа. Додадете и 30гр путер.FIC_0102Замесете меко, еднакво тесто и оставете го да стаса околу 20 минути. Потоа истиснете го воздухот со преклопување и оставете го да стасува уште 20 минути, меѓутоа овој пат набрашнете некоја салфетка која има рапава структура и ставете го врз неа, така ќе добие убави шари кои ќе останат и по печењето. Пред да го ставите да се пече исечете го декоративно по ваша желба.FIC_0111Печете 35 минути на 200 степени без вентилатор. Ќе добиете атрактивен и многу вкусен леб! 😉FIC_0113

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар