contact@gotvimesofico.mk

25
апр

Тортелини со спанаќ и рикота

Најдов замрзнати тортелини кои сум ги правел некогаш и замислете сум ги вакумирал и сум ги смрзнал чоече… :) 

Ми текна супер варијанта со ултра вкусно сосче!FIC_0688Тортелините се полнети со рикота сирење и спанаќ. Значи тортелини се прават од тесто за паста за кое имам веќе објавено рецепт. Истото тесто оди за секоја форма на паста. Доколку не сте доволно вични да изработите домашни тортелини можете да си купите готови од маркет, не е исто секако меѓутоа добро е во секое време да си имате ваков вид на паста дома, можете да ја употребите дури и во некој тип на оброк салата! Одлична комбинација.

Денес мојот предлог е тортелини полнети со спанаќ и рикота во бешамел сос со шампињони и младо лукче! Предолг е називот за да го сместам во наслов затоа рецептов го крстив по полнежот на тортелините.

Тортелините се варат во солена, зовриена вода околу 3 минути. Не ги мешајте многу за да не ви се отворат и да не ја изгубат формата. (Една порција тортелини треба да изнесува околу 120гр по лице)

Потоа извадете ги со цедалка и ставете ги во ладна вода за да ги шокирате.

Во меѓувреме на друга рингла ставете тавче со 30гр путер и 1 лажица малсиново масло, откако ќе постигне температура додадете сецкано стракче од младо лукче, пржнете го 2 минути и потоа додадете 150гр сецкани шампињони – посолете ги по вкус и наросете ги со малку црн бибер. 

 

Се заедно пропржете околу 5 минути.FIC_0683Бешамел: 

Во мало тенџерче ставете 40гр путер да постигне температура, потоа додадете 1 лажица брашно и заедно пропржете за да добиете хомогена смеса. Потоа залејте со 400мл млеко. Засолете по вкус. Овој сос можете да го чувате во фрижидер околу 4-5 дена, на секое повторно користење само разредете го на температура со малку млеко. 

Во пропржената смеса од шампињони и младо лукче додадете 250мл бешамел сос и додадете ги тортелините, гответе заедно околу 2 минути.FIC_0695Ова јадење е супер кога немате време да направите рецепт за кој е потребно повеќе време, а сепак е супер вкусно за да можете да го соберете цело семејство на маса! На крајот од работниот ден најбитно е целото семејство да се собере на маса и да прераскаже впечатоци, уживајте! 😉FIC_0696

 

Остави коментар