contact@gotvimesofico.mk

21
јан

Шпагети со мортадела

Шпагети обожавам, мортадела обожавам, па зошто да не ги спојам и да не направам интересно јадење?! Направив супер оброк што покрај тоа што изгледа одлично, во исто време е и многу вкусен! FIC_0466Дефинитивно ќе го повторам овој рецепт! 

Ќе сварите 150гр шпагети (ал денте), додека се варат паралелно во друго тавче на маслиново ставете да се издинста 30гр тенко исецкан кромид, по 3 минути додадете 60гр исецкани маслинки и 80гр мортадела (исецкана на лентички). 

Се заедно пропржете околу 1 минута, потоа додадете ги сварените шпагети заедно со околу 50мл од водата во која се вареле, додадете 2 лажици концентрирано доматно пире и промешајте за да се изедначи. 

Додека се динста изматете 2 јајца. Тргнете ги шпагетите од ринглата и промешајте ги за да почнат да се ладат. Откако ќе се подоладат додадете ги изматените јајца и мешајте за да се спојат во сос, додека мешате додадете околу 40гр рендано пекорино (можете и пармезан). Постапката е иста како кај Шпагети Карбонара. Внимавајте да не се топли премногу шпагетите – во тој случај ќе се се свари јајцето и нема да добиете фина, кремава структура. 

На крај наросете димена сол и декорирајте со рендано пекорино и малку маслоново.FIC_0464На здравје! 😉FIC_0463

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар