contact@gotvimesofico.mk

04
окт

Шпагети Болоњезе

Знам дека повеќето од вас знаат како се прави овој рецепт, но одлучив да го ставам меѓу останатите рецепти, ете да се најде за некој што се прашува како да го направи.FIC_0351Ок, рецептот е едноставен, а постапката уште поедноставна и оди вака:

Ќе набавите 1кг мелено јунешко месо од бут. Не го мешајте со ништо друго, чист бут. Не ви треба да биде масно. Во тенџере ќе ставите да се запржи ситно сецкана глава кромид и 4 чешниња лук. Откако ќе добие стаклест изглед додадете го месото и мешајте додека не се потпржи месото целосно, потоа додадете 400мл сецкани пелати домати (или домашна салца – ако си правите по дома), убав прстохват сол (околу 1 лажица) и 1/2 корен од целер изрендан на ситниот дел од рендето.FIC_0332Динстајте го заедно на тивок оган околу 30 минути, потоа додадете 4 лажици ворчестер сос и додадете малку (50мл) вода ако е потребно. Динстајте уште дополнителни 20 минути и имате спремен болоњезе сос.

Шпагетите ги варите ал денте, потоа префрлете ги во друго тенџере додадете им путер и дополнително мешајте ги, да го упијат путерот. Откако ќе го сторите ова спремни сте за спојување, тогаш додадете постепено од болоњезе сосот додека не ја добиете густината на оброк што ја сакате. На крај сревирајте ги шпагетите и одозгора додадете малку од топлиот сос.FIC_0338Ова е мој начин на болоњезе сос, секогаш ми успева и се покажал доста добро пред гости…! 😉FIC_0357

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар