contact@gotvimesofico.mk

25
дек

Сендвич со димена Скуша

Скушата е плава риба која е многу специфична и многу вкусна за јадење. Лесно се спрема, па дури ако е екстра свежа може да се јаде и жива. Тенко исечена скуша, маринирана во природно исцеден лимонов сок, малку квалитетно маслиново масло, сосема малку иситнет магдонос и прстохват снежна сол може да бидат дел од мени по најдобрите ресторани во светот! По нашиве маркети може да се најде димена скуша, вакумирана и спремна за јадење. Иако е одлична да се јаде како мезе или предјадење, јас решив со неа да склопам сендвич кој воедно е и посен сендвич. FIC_0324Прво и многу битно во секој сендвич е лепчето, лепчето ја прави 50 проценти од магијата во секој сендвич. Јас овојпат користам пченкарно лепче зошто перфектно и парира на скушата.FIC_0318За почеток ја вадите рибата од фолијата во која била вакумирана, ќе ја излупите кожата (многу лесно се вади зошто е термички обработена) и внимателно ќе го одвоите месото од коските, нема да ви биде мачно зошто се работи за релативно краток процес, меѓутоа добро осигурајте се дека нема коски во месото кое ќе го одвоите.

Лепчето го сечете на половина. Горното лепче го мачкате со концентрирано доматно пире кое има специфичен силен вкус кој одлично парира на рибата. Долното лепче го мачкате со сенф дижон, уште посилна состојка која дава и мала лутина на целиот сендвич (јас не сум ви репер за лутина зошто јадам многу луто) :) 

Потоа врз сенфот редите убав слој од Алфа алфа никулци (се наоѓаат по големите маркети), овие никулци нека не ви звучат “фенси”, сепак се работи за добро познатата луцерка, меѓутоа се многу здрави имаат репкаст вкус кој му контрира на сенфот.

Потоа врз никулците го редите месото од скушата, го посолувате и го попрскувате со маслиново масло (многу малку). Врз рибата доаѓаат тенко исечени парчиња црвен кромид, па врз кромидот тенко исечени ливчиња од кисела краставичка, па врз краставичката еден лист крцкава марула и го затворате сендвичот! FIC_0322На здравје нека ви е! Направете го овој одличен рибен сендвич и споделете го со пријателите, или не го споделувајте туку направете им и на нив! 😉 :) :)FIC_0321FIC_0329

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар