contact@gotvimesofico.mk

21
фев

Лепчиња од соништата

Да, овие се буквално лепчиња за какви што сонуваме сите ние гурмани на белиот свет! :)FIC_0580Се работи за лепчиња кои можете да ги искористите за сендвичи, бургери, па дури и да ги јадете само нив – јас си каснав 3 комада така без ништо! :) 

Во сад за матење ќе ставите 125мл млако млеко, 125мл полномасен јогурт, 4 лажици сончогледово масло, 3 лажици мед и 1 1/2 лажичка сув квасец. Промешајте за да се раствори медот и оставете го на страна едно десетина минути за да стаса квасецот.

Во друг сад ставете 400гр брашно (тип400) и 1 1/2 лажичка сол, додадете ја смесата со квасецот и додадете 50гр лупени семки од сончоглед. Замесете тесто и оставете го да стаса на собна температура околу 45 минути.

Потоа размесете го повторно и поделете го на 9 топчиња (околу 80гр секое), наредете ги на хартија за печење, и оставете ги да стасуваат околу 1 час. Пред да ги ставите на печење премачкајте ги со смеса составена од 50мл вода и 1 полна лажица сода. Печете ги на 190 степени, 13 – 15 минути.FIC_0584Воала! Тоа се тие прекрасни лепчиња што ќе ви го поматат умот! 😉FIC_0572

 

You may also like
Медени колачиња (посно)
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне
Мини Павлова

Остави коментар