contact@gotvimesofico.mk

02
мар

Салата со ракчиња

Ми се пријаде нешто лесно, нешто што лесно се прави и што лесно се вари! :) Салатица прва лига! FIC_0699Набавив исчистени мали ракчиња (400гр) одлични за салати, пасти и рижота! Се што треба е кратко да ги ставите на температура.

Прво, загрејте тавче со маслиново масло (околу 2 лажици), ставете ги ракчињата на силен оган, додадете малку црвен пипер (1/4 лажичка), малку сол и црн бибер. Откако ќе добијат убава боја, додадете малку вино околу 3 лажици, по виното додадете една лажица путер и прокрчкајте ги едно 2 минути.

Потоа извадете ги на страна и оставете ги да се оладат. Мрснотијата тоест сосчето од ракчињата ставете го во длабока чинија, додадете 1 лажица кечап, 2 лажици мајонез (ако постите додадете посен мајонез, денес и таков постои) :), 4 лажици сок од изблендиран кромид, сол и малку оцет, околу 1 лажица (бел балсамико). Измешајте се заедно и ќе добиете одличен дресинг.

Една црвена пиперка исецкајте ја на тркалца. Исецкајте 1/3 глава од Ајсберг на крупни парчиња. Зеленчукот додадете го во маринадата, потоа додадете ги ракчињата и се заедно измешајте. Сервирајте во чинија за салата, а одозгора посипете со малку корнфлекс. Топ оброк! Барем мене салатава ептен ми заврши работа! :) FIC_0703На здравје екипа! 😉

 

Остави коментар