contact@gotvimesofico.mk

02
мар

Рижото со ракчиња

Ок, рижото ми е едно од омилените јадења, поготово кога е со било кои морски плодови! 

Лесно е дечки само следете го рецептов и не е возможно да згрешите. Рецептов е за две порции.FIC_0693

Во длабоко тенџере ставете да се загреат 3 лажици маслиново масло, потоа додадете 450гр чисти мали ракчиња (најмали што можете да најдете, крупни не ви се потребни во рижото), откако ќе добијат боја извадете ги (по 1 минута). Потоа додадете ситно исецкани 5 чешниња лук и 1 мала главица бел кромид. Оставете ги нека се динстаат додека не добијат стаклест изглед. Потоа додадете 300гр Карнароли ориз, оригиналното италијанско рижото се прави само со оваа сорта на ориз, се друго е импровизација. FIC_0676Гответе мешајќи околу 4 минути, потоа додадете 100мл зеленчуков бујон и 1 лажица путер, мешајте додека оризот не ја впие целата течност, потоа додавајте додека не го потрошите цел бујон (за 300гр ориз ќе ви бидат потребни околу 650мл бујон), пред крај додадете уште 1 лажица путер, 1 лажичка дупло концентрирано доматно пире и додадете ги ракчињата, промешајте и додадете 40гр свежо рендан Пармезан. Гответе уште 1 минута мешајќи. Потоа сервирајте и послужете додека е топло. Како зачин можете да додадете малку бибер и евентуално малку сол за да го наштелувате како што треба. Јас не јадам многу солено па ми беше таман! 😉

FIC_0686

 

 

Остави коментар