contact@gotvimesofico.mk

12
авг

Чајни колачи (shortbread cookies)

Овие колачи се оние што англичаните ги јадат со чај. Лесни се за правење и се многу вкусни.

Во сад за матење ставете 225гр путер, 1/3 од шолја шеќер во прав, 1 пакетче ванилин шеќер или 1 лажичка ванила арома и 2 шолји брашно. Ако имате вода од роза додадете 1 лажичка. Јас имам зошто ми ја донесоа поклон.FIC_0003Замесете бисквит тесто и замотајте го во стреч фолија, ставете го во фрижидер добро да се олади.

Рерната загрејте ја на 180 степени (без вентилатор).

Со оклајгија отворете го тестото да добиете дебелина од околу 1 сантиметар.

Со модла по ваша желба исечете ги колачите и наредете ги во плех на хартија за печење. Посипете ги со шеќер и ставете ги да се печат.FIC_0013Печете ги околу 20 минути и оставете ги скроз да се оладат.FIC_0021На здравје!

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар