contact@gotvimesofico.mk

15
сеп

Лаврак со туна пате

Кога ќе решите да правите комплетно рибно мени, ова ви е одлична комбинација! 😉

Прво ќе набавите свеж Лаврак, јас секогаш ја филетирам. FIC_0172Откако ќе ја стокмите за готвење, покријте ја со стреч фолија и ставете ја во фрижидер.

Свежа риба никогаш не ја посолувам однапред, ниту ја полевам со лимонов сок! Сакам да јадам риба и да го осетам вкусот на рибата.FIC_0165*Стек од плава туна

Потоа во блендер ќе ставите разварени парчиња туна (околу 300гр туна варена не повеќе од 5 минути), па ќе додадете 2 раце млад спанаќ, малку свеж копар и 7-8 комада капери.FIC_0168Маслиново околу 40мл и пуштете го блендерот, доколку е потребно повеќе маслиново, додадете уште 10мл за да се направи емулзија. Посолете по ваш вкус.

Лавракот јас го спремам на добро загреана тава, со тоа што од страната на кожата (претходно исчистена од шкрги нормално) го печам 90 проценти од времето на готвење. И што е најважно го готвам кратко, што значи околу 3 минути тотал. 

Го посолувам откако ќе биде зготвен и го служам со чипс од лимон кој што сам го дехидрирам. Како финале можете да го поминете со една мала лажичка путер за да добие добар финиш. 

И на крај наросувам малку сушен копар.FIC_0174На здравје нека ви е! 😉FIC_0178

 

Остави коментар