contact@gotvimesofico.mk

09
јул

Сендвич со кајгана и салата

Одличен рецепт за појадок! Брз, вкусен и секој може да го направи! 

Ќе ви биде потребен убав леб, ќе исечете две еднакви парчиња, ќе ги потпечете и ќе ги намачкате со тенок слој путер. Потоа втор слој ќе намачкате крем сирење.

Три јајца ќе ги изматите и ќе ги ставите во топло тавче со зејтин, мешате со вилушката за да се растурат, посолете ги по вкус. Потоа ставете ги во чинија на крај и одозгора наросете ситно исецкан власец. Власец и јајца многу добро одат во комбинација! 

Кајганата ќе ја распоредите врз двете лепчиња, а од страна ќе гарнирате со свежа салата, мојот избор за салата во летен период е Ајсберг со квалитетно маслиово и бел балсамико, по некое шери доматче за да го избалансира вкусот и неколку маслинки со пиперче во средина! 

Фантастичен појадок! 😉 FIC_1015

Остави коментар