contact@gotvimesofico.mk

01
мај

Сараевски Ќебап во Тортиља

За многу години празникот! :) Многу од вас денешниов ден ќе го поминат пред скаричка вртејќи разновидни месни специјалитети.

Мојот предлог за денес е Сараевски ќебап! Рецепт кој што можете да го направите за пријателите и семејството и најинтересно од се е што е многу лесен и многу вкусен.FIC_0707Ќе тркнете до месара и ќе го замолите чичко месар да ви сомеле мешавина од јагнешко 30% и јунешко 70%. Ќе дојдете дома ќе ги измешате мелените меса и ќе ги поделите на порции од по 250гр – толку е порција за едно лице.

Секоја порција дополнително ќе ја замесите со 1/2 лута пиперка и ¼ главица ситно исецкан кромид, посолете и наросете со црн бибер. Потоа ќе формирате ќебап и ќе го ставите на метално стапче.FIC_0714FIC_0716Вака спремената порција ја ставате да се пече на скара. Убавината на овој ќебап е доколку средината на месото остане розева и сочна.

Додека се грилува месото направете ја останата припрема. Исецкајте ситно марула, кромид, морков и домат. Тортиљата потпечете ја кратко на скарата каде што се пече месото.

Секоја тортиља намачкајте ја со песто (јас користам песто од див лук, ореви, босилок и малку коријандер), потоа ставете ја марулата, морковот, кромидот и на крај доматот, а врз доматот положете го испечениот ќебап.FIC_0726Замотајте го ќебапот во форма на “тако”, поклонете се и почнете со лапачка! :) Мене со ова јадење совршено ми оди грч ладна Кока Кола Зеро!FIC_0730Отидов ја назад на скарата зошто ме чекаат семејството и пријателите! 😉 Се читаме за кратко драги мои! 😉FIC_0740

Остави коментар