contact@gotvimesofico.mk

21
фев

Сендвич со мисиркино месо

Сендвичов ми излезе од нигде никаде, ама излезе супер комбинација што решив да ја споделам со вас. 

Ви треба тост леб (три парчиња). Во сад на страна мешате 4 лажици варена киноа со 1 лажица павлака (додадете малку сол) – оваа смеса премачкајте ја на долното лепче, потоа врз неа ставете бејби рукола, па врз руколата варени медаљони од мисиркини гради. На лепчето што оди врз градите намачкајте сенф, па врз него ставете од смесата со киноа, па одозгора рукола и на последното лепче намачкајте барбиќу сос. Затворете го сендвичот и исечете го на две триаголни половини. 

Бон апетит! 😉FIC_0546

Остави коментар