contact@gotvimesofico.mk

10
мај

Сендвич за паметење

Ова е дефинитивно сендвич на кој долго ќе се сеќавате и секогаш ќе сакате да го повторите! И тоа е супер момент кај овој рецепт!FIC_0414Ок, прво ќе се потрудите да најдете лепче кое наликува на багет и кое е доволно вкусно за да биде подлога за вашиот сендвич. Како сме се договориле, најбитната состојка во секој сендвич е лепчето, погрижете се да биде најдоброто што можете да го најдете или направите!

Ќе набавите 300гр свеж свински врат. Исецкајте го на тенки парчиња – шнитови и ставете го во длабок сад, потоа во садот додадете 1 лажица сенф, прстохват сол, малку свеж мелен бибер, 1 лажица соја сос и 2 лажици ворчестер сос. Измешајте го за маринадата да се налепи по целото месо, потоа покријте го со стреч фолија и оставете го во фрижидер да се маринира минимум 4 часа, а најдобро е преку ноќ – ако можете да издржите!

Ставете тавче на рингла на средна температура, додадете 30гр путер и пржнете го месото. Меѓутоа гледајте да не е многу пржено за да ја задржи сочноста. Најбитно во овој сендвич е месото да ви остане сочно.FIC_0388Потоа извадете го месото од тавчето и ставете го на страна на кратко. Во истото тавче ставете уште 20гр путер да се растопи и додадете 20гр брашно. Запржете го брашното да добие костенлива боја потоа залејте го со 300мл говедски бујон.

Мешајте со жица додека не почне да се сгуснува, потоа додадете го месото внатре и оставете го да се дружи со сосот околу 15-20 минути.

Во меѓувреме можете да си направите класичен помфрит. Јас сум ненаситен на помфрит и секогаш барам да добијам тенки компирчиња – тие повеќе ги сакам.

Лепчето исечете го одозгора (не класично како во секоја сендвичара). Внатрешноста намачкајте ја со сенф, како прва подлога ставете еден лист марула потоа додадете домат исецкан на тенки парчиња и свеж кромид исечен на тенки кругови и на крај не смеете да ги испуштите киселите краставички…ммммм…!

Врз салатите наполнете со месото кое одлежа во сосот и се заедно сервирајте додека е топло! За оние кои сакаат да го извлечат максимумот од овој сендвич можете да додадете и рендан Гауда кашкавал како финиш. Мене ми беше ок и вака и секогаш го спремам на истиот начин.

Овој рецепт е одлична идеја за семеен ручек и покрај тоа што се е спакувано во вид на сендвич. Направете два вакви сендвичи и поделете ги на половина со тоа ќе добиете одлична количина на прекрасен ручек кој содржи се што ви е потребно за да останете сити! Ова јадење совршено парира со добро оладена Кока Кола, врв!FIC_0428Доколку ви се допадна овој одличен сендвич споделете го рецептот со пријателите и згответе го за некој кој сакате да го изненадите.FIC_0432

 

Остави коментар