contact@gotvimesofico.mk

16
мај

Роловани тиквички со крем сирење

Денешниот рецепт е топ предјадење и мезе во едно! Се работи за роловани тиквички наполнети со крем сирење и послужени врз доматен сос, а рецептот оди вака:RolovaniTikvicki1Ќе исечете тиквички по должина (со дебелина од 3мм) секое парче тиквичка насолете го и поросете го со црн бибер и изгрилувајте ги за да омекнат како би можеле да ги роловате.

Во друг сад на страна смешајте 200гр крем сирење, 1 чешне лук (ситно исецкано), малку сол, бибер, 4 лажици печен сусам, сецкан копар и малку магоднос. 

Секоја тиквица изролајте ја со смесата од крем сирење и наредете ја врз сос од доматна пулпа. Сосот можете да го зачините по ваш вкус, како ви е ќеиф – така! 😉 Врз тиквичките и сосот поросете со рендан пармезан.RolovaniTikvicki2Ставете ги тиквичките во огноотпорен сад и печете ги на 200 степени околу 10 минути.RolovaniTikvicki5Ова мезе е одличен рецепт за да го изненадите семејството! Соберете ги најблиските на маса и згответе им го овој одличен македонски рецепт! 

Се читаме наскоро, секое добро! 😉

Остави коментар