contact@gotvimesofico.mk

17
дек

Печена риба “Фагри” со компир салата

Многу интересна риба, во мојов случај се работи за диво парче кое го најдов кај моите пријатели рибари! Многу вкусна риба која ја претпочитам печена.

Откако ќе ја исчистите од шкрги и внатрешни органи, премачкајте ја со сок од половина лимон и посолете ја, нека отстои така маринирана околу 2 часа во фрижидер.FIC_0203Потоа ставете ја на хартија за печење и печете ја на 200 степени (без вентилатор) околу 25 мин. Евентуално на крај можете да упалите вентилатор (плус две минути) чисто колку да направите попечена коричка и подобра финална боја. FIC_0223Додека се пече сварете компири околу 6 парчиња со средна големина, исечете ги на коцкички и измешајте ги со црвен грав и 2 стракчиња младо кромидче, како посебна нота додадете 1 стракче младо лукче, многу добро ќе дојде! 😉

Салатата измешајте ја со мешавина од 1 лажица сенф, 1-2 лажичка лимонов сок, 3 лажици маслиново, сол и бибер, тоа ќе му дојде како дресинг. Одлична комбинација.

Сервирајте го овој посен оброк за најблиските… Одлично ќе ја украси празничната трпеза за Св.Никола! 😉 FIC_0229Се најдобро се читаме наскоро! 😉 Поздрав екипа! 😉FIC_0224

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар