contact@gotvimesofico.mk

29
мај

Печена Кокошка со свежи зачински треви

Со овој рецепт никогаш не можете да згрешите. Кога и да се двоумите што да зготвите отворете го овој рецепт и целото семејство ќе биде задоволно! 😉

Ќе купите цело пиле, ќе набавите се од зачински тревки што може да се најде на пазарот. Јас денес имам рузмарин, нане, мајчина душица, коријандер, оригано и жалфија. Ситно ќе ги исецкате со нож за да можете да ја зачините кокошката.FIC_0787Внимателно со рака ќе ја одвоите кожата на пилето од месото, помеѓу кожата и месото ќе протрлате со маслиново масло и ќе зачините со свежите тревки.FIC_0800Ставете ја во тавче и печете ја на 180 степени околу 55 минути, на секои 10 минути премачкувајте ја кокошката со растопен путер.

Од страната ќе наредите полуварен компир, ќе го зачините по ваш вкус и ќе го ставите да се пече со кокошката. На компирот ќе му бидат потребни не повеќе од 20-тина минути, меѓутоа можете да го вклучите во цел процес зошто температурата не ви толку силна.

Добро ќе го натемпирате тајмингот за да има време да се собере цело семејство на масата. 😉FIC_0810Уживајте!FIC_0818

 

Остави коментар