contact@gotvimesofico.mk

06
јун

Рижото со ракчиња и печурки

Денес на менито имам рижото со ракчиња и шампињони печурки. Многу интересна комбинација на земја и море! Морав да ја пробам и излезе одличен рецепт што топло ви го препорачувам за денешниот ручек. 

Во овој рецепт ќе наведам потребни состојки за една порција.

Прво во тенџерче ќе ставите 2 лажици маслиново масло и ќе запржите/продинстате 1/5 од главица кромид (ситно исецкана), откако ќе добие кромидот стаклест изглед ќе додадете ситно исецкано 1 чешне лук.

По 1 минута мешање и пржење ќе додадете 10 мали ракчиња (веќе ги има во секој маркет во смрзнатата храна, а уште подобро ако ги најдете свежи). Откако ракчињата ќе сменат боја ќе додадете 4 шампињони печурки исецкани на тенки ливчиња.

Се заедно пржите околу 5 минути, потоа додавате 30гр путер и 100гр Карнароли ориз.

Го пропржувате оризот, тој ќе ги впие сите сокови кои ги испуштиле состојките кои се готвеа претходно. Откако оризот ќе ги впие сите сокови му додавате 150мл зеленчуков бујон. Цело време мешате за да полесно се ослободи скробот. Откако ќе испари бујонот, додавате уште 150мл бујон. Потоа пробувате доколку оризот ви е доволно ал денте сварен, му додавате 30гр рендан пармезан, тргате од рингла и мешате да се растопи пармезанот. 

Сервирате и конзумирате додека е топло. Добивте фантастичен ручек! На здравје нека ви е! 😉

Доколу имате нејаснотии околу постапката Ве молам да ми пишете на Фејсбук во порака и ќе ги решиме сите енигми. 

До наредно читање…! 😉 Поздрав екипа!FIC_0862

Остави коментар