contact@gotvimesofico.mk

30
апр

Растурени крофни

Правам многу добри крофни што си имаат класична форма на крофни, али овие крофни ги научив од една колешка и се доста интересни и многу вкусни. Таков е рецептот што е задржуваат правилна форма, туку баш напротив си фаќаат некоја неправилна форма и баш затоа мене ми се интересни и решив да го споделам рецептот со вас! 😉

Значи во сад за миксање ставете 2 јајца, 200мл јогурт, 400гр брашно, 1 ванилин шеќер, 1 пециво, малку сол и 2 лажици шеќер.FIC_0088Мешате со миксер додека не добиете леплива, растеглива смеса. Потоа со специјален шприц за крофни ги пуштате во загреано масло за пржење.FIC_0090FIC_0093Ги пржите во длабоко масло, загреано на 180 степени. Како декорација на крофните ставате растопено млечно чоколадо. FIC_0097

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар