contact@gotvimesofico.mk

19
окт

Чизкејк со малини

Класичниот чизкејк е само база на состојки која треба да ја надоградуваат по ваша желба. Секој чизкејк треба да биде производ на вашата креативност! Еве ви една опција како да направите одлична комбинација.фичо1Во блендер ставете околу 250гр од омилените бисквити, изблендајте ги и измешајте ги со 130гр растопен путер. Откако ќе добиете смеса која е лесна за моделирање, постелете ја во калап за печење (на кој му се вадат страните со помош на жабица), убаво истапкајте ја и израмнете ја смесата, оформете ѕидови и ставете го калапот во фрижидер или замрзнувач за да се стегне.

Во меѓувреме направете го кремот ставете 330гр крем сирење и 70гр кондензирано млеко, изматете ги со миксер да се спојат перфектно, потоа додадете 3 лажици шеќер во прав и матете за да се спои. Во мало тенџерче (во она во кое сте го топеле путерот) ставете 6-8 лажици вода и растворете 1 пакетче говедски желатин, чувајте го на оган додека не проврие, откако ќе проврие се активира желатинот. 

Потоа 1-4 од смесата додадете ја во кремот и матете повторно за да се спои. Она што ќе ви остане е незначително малку и можете да го фрлите. 😉 

Калапот веќе се стегнал, премачкајте го со омилениот чоколаден крем (тенок слој) и врз него сипете го кремот за чизкејк, потоа повторно вратете го во фрижидер да се стегне. 

Во меѓувреме земете 1 канче малини ставете ги во сосиер тенџерче, додадете им 60мл коњак, 30мл вода, 1 полна лажица шеќер во прав и 1/2 кесиче желатин, мешајте на оган додека не проврие. Потоа посипете го чизкејкот и повторно вратете го во фрижидер да се стегне. Овој пат оставете го да отстои околу 1 час. 

Пред да сечете оставете го малку да се пушти, околу 15 минути. FIC_0038Сервирајте го со сируп од малини или не морате со ништо и самиот по себе е веќе одличен! 😉 FIC_0044Поздрав до нареден пост! 😉FIC_0040

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар