Потпечена паста со брокула
Наидов на многу специфична паста која решив да ја спремам со бешамел сос и брокула. Пастата се вика “Радијатори” – одлична е за течни сосови зошто има вијуги кои го задржуваат сосот, па затоа решив да ја комбинирам со бешамел сос и плус додадов брокула, супер оди! 😉Ги ставате да се варат во зовриена, солена вода, 8 минути. Потоа прецедети ги и намастете ги со маслиново масло, промешајте. Ставете ги во плех за печење и измешајте ги со исцепкана брокула.
Додека се варат на страна спремете класичен бешамел сос. 40гр путер, 1 лажица брашно, 1 лажица сол, малку бибер и 600мл полномасно млеко. Матете додека не се згусне.
Потоа прелејте ја пастата со сосот и изрендајте 350гр ајдамер кашкавал. Цела паста измешајте ја за да се распределат сите состојки еднакво.Ставете ја да се пече на 200 степени 13 минути + 3 минути со вентилатор за да се потпечат.
Одличен и брз ручек за целото семејство! На здравје! 😉