contact@gotvimesofico.mk

11
фев

Киноа салата

Оваа салата ја открив пред 2 или 3 години и од тогаш редовно е на моето мени! Нема многу филозофија и секој може да ја направи.FIC_0522Прво ќе сварите киноа (200гр пакетче) во вода, не повеќе од 13 минути. Прецедете ја и исплавете ја со ладна вода. Потоа ставете ја во длабок сад и додадете 2 лажици маслиново масло – чисто колку да не се залепи.

На страна ситно исецкајте 1 манго, 1 црвена пиперка, 1/3 главица црвен кромид (мала глава) и 1 китка магдонос.

Откако ќе се олади киноата измешајте ја со манго миксот, потоа додадете 50мл оцет од ориз и 30мл маслиново масло, зачинете со квалитетна сол.

Доколку сакате испробан и успешен твист на оваа салата додадете околу 30гр печен сусам.FIC_0519На здравје! 😉FIC_0521

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар