contact@gotvimesofico.mk

05
ное

Чизкејк од Тиква

Во овој период од годината тиквата е многу актуелна, можете да ја печете, да ја варите, да правите солени јадења и благи јадења. Јас ќе ви дадам една идеја како да направите чизкејк од тиква! Фантастичен е! 😉

Можеби ви е чудно како би изгледал овој десерт? Не само што изгледа неодоливо, вкусот му е посебен и многу поразличен од секој десерт што сте го пробале, не сакам да престане! :)FIC_0056Ќе набавите калап за чизкејк со големина од 30цм. Во блендер ќе издробите 250гр од омилените бисквити и ќе ги помешате со 180гр растопен путер, добро измешајте со лажица за да добиете смеса која е лесна за моделирање.

Доколку не ви е доволно сува смесата за моделирање додадете уште малку повеќе путер, или доколку ви е влажна додадете уште малку блендани бисквити, наштимајте ја! 😉

Постелете го калапот со смесата така што ќе дигнете и ѕидови по страниците за да добиете калап од бисквити кој ќе го наполниме со чизкејк смеса.

Откако го скроивте калапот, ставете го во замрзнувач додека го спремате кремот, бидејќи содржи путер ќе се стврдне и воедно ќе биде мека за сечење. Ве молам да не употребувате маргарин, тоа е сосема различна состојка и ќе добиете сосема различен производ.

Ќе набавите Хокаидо тиква, тоа е тиква која има портокалова боја и по формата наликува на голем портокал, има доста цврста кора и е тешка за сечење, меѓутоа има посебен вкус, многу поразличен од “butternut” тиквата која кај нас често се користи за печење. Тоа е онаа долгнавестата тиква.

Значи, инсистирам за Хокаидо сорта на тиква (ја имате на пазарите). Ќе набавите парче околу 800гр, ќе го излупите (кората е премногу тенка па можете лупењето да го извршите со класичен лупач за зеленчук), ќе го исечете на еднакви парчиња и ќе ги спуштите во вода да се сварат. Ќе проверите со вилушка дали е добро варена, треба да омекне. Нека се вари околу 30 минути. Внимавајте да не ја преварите, може да ја изгби преубавата портокалова боја која ја има.FIC_0055Потоа ќе ја префрлите во блендер и ќе ја изблендирате за да добиете пире од тиква, во пирето ќе додадете 200гр крем сирење и ќе измешате со миксер се убаво да се спои. Потоа ќе додадете, 2 лажици мед, 60гр шеќер во прав и 1 лажица рум, измиксирајте повторно. Во ѓезве ќе ставите 6-8 лажици ладна вода со 1 пакетче желатин, ќе го промешате додека водата е сеуште ладна, потоа ќе го ставите ѓезвето на рингла и ќе мешате се додека не проврие. Потоа смесата со желатинот ќе ја додадете во смесата за чизкејк и повторно ќе измешате со миксер.

Следно, извадете го калапот од замрзнувач и наполнете го со смесата за чизкејк, потоа вратете го чизкејкот во обичен фрижидер и оставете го да стои минимум 2 часа.FIC_0069Кога сме кај сервирањето, многу сум прецизен и точен. Секогаш! Ама секогаш сервирајте го со мед и цимет! На секоја порција (осмина парче) додадете мед и цимет, не го финиширајте цел чизкејк доколку немате намера да го изедете цел веднаш! :)FIC_0078На здравје нека ви е!FIC_0082П.С. Не можете да останете на едно парче, додека го куцам рецептов јадам од чизкејков и не ми се верува што направив! :)FIC_0073FIC_0072

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар