contact@gotvimesofico.mk

20
мар

Лиснати триаголници со сланина и шампињони

Види, лиснато тесто скоро и да не е возможно да го направите дома. И ова што се продава не е сјајно ама е најблиску до оригиналното. Оригинално лиснато тесто се прави на посебна температура односно поладна просторија и секогаш, ама секогаш е со путер. Морате да користите и посебна машина која се нарекува ламинатор на кој рамномерно се тенчи кората. На рака да го правите е возможно, меѓутоа е доста долг и мачен процес, а и си сака спремност за пекарство. Ок толку за лиснатото одиме да го доспремиме! 😉FIC_0073Во тавче испржите сланина, околу 300гр крупно исецкана, додадете и околу 250гр шампињони и 1 глава ситно сецкан црвен кромид. Заедно пржете ги додека не добијат крцкава структура, потоа додадете им 3 лажици доматно пире и 1 полна лажица песто, направете смеса со која ќе го полните лиснатото тесто.

Лиснатото обично се продава смрзнато во плочки, спакувано е во пакување од 500гр. Плочките оставете ги да се одмрзнат потоа исукајте ги во кори со дебелина од околу 3-5 милиметри. Поделете ги на 4 квадрати, а потоа квадратите поделете ги на триаголници, ќе добиете 8 триаголни кори. 

Секоја кора намачкајте ја со изматено јајце, наредете ја со смесата (која претходно се оладила) и прекријте ја со друга триаголна кора, краевите стиснете ги со вилушка чисто колку да не се одлепат додека се печат. 

Откако ќе ги наредите готовите пити на хартија за печење, премачкајте ги со остатокот од јајцето и наросете ги со интегрален сусам. FIC_0075Печете ги на 220 степени околу 15-тина минути. FIC_0076Ќе добиете лиснати триаголници кои сме ги пробале по странските пекари! Топ производ! 😉

Остави коментар