contact@gotvimesofico.mk

29
окт

Баварски Переци

Дефинитивно најдобриот рецепт за баварски переци! 😉

Во сад за месење ќе ставите 250гр брашно, 150гр млака вода, 1 лажичка сол, 1 лажица омекнат путер, 1 лажичка сув квасец и 1 лажица кафеав шеќер.FIC_0112Ќе замесите меко тесто и ќе го оставите да стасува околу 45 минути на собна температура. Потоа ќе измесите уште еднаш и повторно ќе го ставите да стасува околу 25 минути. 

Откако втор пат ќе стаса го делите на 4 еднакви делови и од секој дел формирате ролна што наликува на пирошка :).FIC_0114FIC_0115Потоа од секоја ролна правите долго парче, со димензија од околу 50 сантиметри. Од истото парче ќе сплетете перек. Значи оваа доза ви е за 4 переци.

Сплетени переците ќе ги ставите во намастен плех и ќе ги покриете со стреч фолија, ќе ги оставите да стасуваат околу 40 минути на собна температура.

Потоа ќе ги ставите во замрзнувач околу 1 час добро да се стегнат.

Во меѓувреме во тенџере ќе ставите 1,5л вода со 1/3 од шолја сода, водата треба да проврие, потоа ги вадите переците и ги спуштате во водата со сода на околу 5-10 секунди. FIC_0118Потоа переците ги враќате во истиот плех, ги премачкувате со изматена жолчка и ги наросувате со крупна сол. Пред печење направете мали засеци со остар нож.FIC_0120Печете на 180 степени (со вентилатор) околу 12 минути.FIC_0125Честитки, ги имате најдобрите переци на светот! 😉FIC_0127

 

You may also like
Печена свинска коленица
Паста “Трофи” со бешамел и вргањ
Чоколадна Торта
Фритери

Остави коментар