contact@gotvimesofico.mk

23
апр

Млад компир со Чедар сирење

Имав малку слободно време па викам чекај да се прошетам низ пазар да видам што интересно ќе најдам… И така наваму натаму низ тезгите наидов на многу убав млад компир, не можев да му одолеам. Купив кило компири и трк накај дома да направам нешто интересно каде што фокусот ќе биде на компирот! FIC_0673Денес на маса ставам одлично предјадење кое искрено да ви кажам го претворив во главно јадење! :) Толку многу е вкусно што не можев да престанам да јадам! :) Дури и син ми го бендиса и го искоментира со: Тато! Њам, њам, њам! :)

Рецептот е лесен и оди вака,

компирите не ги лупите само ќе ги измиете и ќе ги исечете на половини по должина. Секоја половина ќе ја свртите со рамната страна нагоре и ќе ја зачините со со сончогледово масло, сол, црн свежо мелен бибер, сув копар и мелено мускатно оревче. 

Ги ставате да се печат во загреана рерна на 220 степени околу 30 минути. Потоа ги вадите од рерна  и врз секој компир ставате по 1 лажичка крем сирење измешано со билки (свежа мајчина душица, лук и копар). Врз крем сирењето рендате чедар сирење и ги враќате во рерна да се допечат околу 10-тина минути со вентилатор (температурата ја намалувате на 200 степени).

На крај ги сервирате со гранче мајчина душица одозгора и сте добиле мезе за медаља кое совршено одговара со добро изладено шишенце Кока Кола! 😉FIC_0672FIC_0675

Остави коментар