contact@gotvimesofico.mk

30
апр

Печени кратки ребра

За 1-ви Мај сите праат скара, ја печам кратки ребра со барбиќу сос и можам да кажам дека се нешто феноменално! Нешто што дефинитивно сакате да ви се случи! 😉

Прво го припремате барбиќу сосот за печење, ова е нешто поразличен сос од оној што се продава за брза конзумација и оди вака, во сад мешате 100гр кечап, 50гр мед, 1/2 лажичка мелена црвена пиперка, 3 лажици Ворчестер сос, 3 лажици пиво и 1/2 лажичка сенф. Сите состојки ги мешате со жица за да се спојат и да добиете еднаква смеса за премачкување на ребрата. FIC_0143Од оваа смеса тргате во длабока чинија малку колку да го премачкувате месото, остатокот можете да го чувате замрзнато за наредни печења – топ ќе ви дојде! 😉 

Е сеа коа сме кај кратките ребра (може да бидат свински и телешки, јас денес користам свински) може да имате проблем да најдете по месарите, фала богу постојат сеуште модерни месари па ќе успеете да најдете таков пресек. Се работи за крајниот дел од ребрата кој фаќа од долниот дел на стомакот. Се сече на месарска пила за да има рамен пресек. Потоа можете да  му изработите француска обработка (обработка на оголување коска) или да побарате месарот да го направи тоа за вас. Оваа техника најчесто се користи за впечатлив краен изглед на порцијата. 😉 frenchcut*Фотографијата е превземена од интернет. Лево е класичен приказ на француска обработка на месо, додека од десната страна е класичната обработка. 

Целата штангла од кратки ребра (свински) ја посолувате, наросувате со бибер и ја ставате во плех за печење, ја премачкувате со класичен кечап и додавате малку кафеав шеќер (1 лажичка), го положувате парчето месо, го покривате со алуминиумска фолија и го печете 3 саати на 150 степени – зависи каква рерна имате, можете да му додадете и малку пиво за да не се исуши. Или проверувајте го на секој саат па ако има потреба залевајте го со малку пиво.FIC_0148Потоа ја тргате фолијата, премачкувате со барбиќу сосот што го спремивте претходно и печете на 200 степени околу 20 минути, со тоа што го премачкувате на секои 5 минути (премачкувате со убав, дебел слој од сосот). FIC_0154Во меѓувреме ставив да се печат млади компири со црвен кромид. Ги зачинив со маслиново масло и малку балсамико оцет и нормално сол и бибер. Вакво мевце одлично ми оди со компири.FIC_0156На крај пред сервирање ги премачкувам финално уште еднаш со барбиќу сосот, редам компири и печен кромид и сервирам на даска, па секој нека си зима колку сака! 😉 FIC_0174FIC_0164На здравје! 😉

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар