contact@gotvimesofico.mk

31
јул

Свинско Каре со Палента и Печурки

Ми се јадеше месо, од дамна не сум јадел, се пакувам и идам до месара. Влагам внатре видно потресен и со сериозен тон му се обраќам на месарот (месарот мора да осети решителност, само тогаш ќе ти помогне) :) :) :)Шефе ми треба свинско мевце од каре, само гледај да биде по мало во дијаметар во за да можам директно да сечам порции.FIC_0008*Каре е месото од кременадла, само обезкостено.

Одбрав каре зошто не е масно, конкретно месо е и не е тегаво, па така се спрема брзо. Иначе коа идете у кафана и коа ќе кажете дај една бела вешалица, сте нарачале каре! 😉

Земав по пат шампињони, беа многу свежи ги исецкав крупно. Исецкав ситно 2 чешниња лук, 1 глава црвен кромид.

На силно загреана тава ги ставам прво печурките, им ставам 1 лажица путер и ги оставам да се зготват. По 10 минути ги додавам кромидот и лукот.

Месото го динстам заедно со зеленчукот. Откако ќе го додадам месото додавам 250мл вода и го оставам да се динста. Пред да го тргнам од оган го зачинувам.

Палентата јас ја сакам по ретка, скоро секогаш ја готвам еден спрема три во однос со вода. Додавам 1 лажица путер и 1 лажичка сол.

На крај сервирам со палента како подлога, врз палентата го редам мевцето со сосот и додавам перца од младо кромидче.FIC_0005Тоа е тоа другари! На здравје нека ви е ручекот! 😉FIC_0011

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар