contact@gotvimesofico.mk

24
мај

Свински врат и компири во различни сосеви

Одете до месара, купете 500гр свеж свински врат (без коска). Ќе го замолите месарот (или можете сами дома) да го исече месото на парчиња со дебелина од 1 сантиметар. Посолете ги од двете страни и измелете им малку мешавина од различни бибери.

Загревате тенџерче со масло и ги ставате парчињата месо да се пропржат, а потоа додавате едно гранче рузмарин и околу 200мл вода за да се продинстаат.

Во меѓувреме печете (200 степени, 30 минути) 5 компири исечени на триаголнести парчиња (зачинети само со сол и бибер).

Откако се готови месото и компири го правите последниот чекор. Во месото додавате 4 лажици соја сос и го тргате од рингла, од соја сосот ќе се глазира месото и ќе добие многу интересен и специфичен вкус.

Компирите ги префрлате во тава каде што веќе ви се пропржуваат 2 чешниња лук ситно исецкани, по 1 минута пржете со лукот им додавате малку рузмарин (само ливчињата) и ги залевате со павлака за готвење, мешате додека не почне да се згуснува павлаката (најдобро е ако си направите домашен бешамел сос).FIC_0845Сервирајте и послужете додека е сеуште топло.

Остави коментар