contact@gotvimesofico.mk

08
дек

Печена свинска коленица

Долго време се мислев што да ви сервирам во последниов број од годинава и се одлучив за вкусна, сочна, мека, перфектно испечена свинска коленица… Па мислам дека подобро парче месо не постои! Врв!

Сум ви кажал сто пати дека со месарот треба да сте другарчиња. Па штом е ваш човек ќе го замолите да ви ги исчисти колениците од ципи и жилички, па и да ви одбере помеснати парчиња. 😉FIC_0118Се враќате дома, ги ставате колениците во тавче за печење и ги зачинувате со сол, црн бибер, малку лук во прав, мускатно оревче (на врв од лажичка) и маслиново масло. Протрлајте ги со раце за сегде еднакво да се распореди зачинот. Потоа ставете ги во загреана рерна на 220 степени (со уклучен вентилатор), околу 10-тина минути.FIC_0130Потоа извадете ги од рерна и полијте ги со 500мл ладно пиво. Ахам пиво! 😉 Покријте ги со фолија (или ставете капак) и вратете ги во рерна на 200 степени, околу 2 часа.FIC_0122Откако ќе поминат овие 2 часа во истата рерна ставете помало тавче со млади моркови и компир (со се лушпа, само добро измиен), посолете ги и намастете ги со масло – оставете ги нека се печат. Потоа извадете ја фолијата или тргнете го капакот и печете ги колениците уште 30-40 минути.

На крај уклучете го вентилаторот и печете уште 10-тина минути чисто колку да им ја дадете преубавата, магична боја! 😉FIC_0174Извадете ги колениците во друг сад. Во садот во кој се печеле ќе ви остане околу 600мл течност, тоа се џусеви од месото, измешани со пивото. Е сеа би било криминал да ја исфрлите оваа течност па затоа ќе ви кажам како да ја претворите во ненормално добар сос! 😉FIC_0139Течноста префрлете ја во мерица или било каков подлабок сад, а во тавчето во кое се печеа колениците ставете 40гр путер и ставете го на рингла да се растопи. Откако путерот ќе почне да жубори додадете 1 лажица брашно, испржете го брашното додека не добие костенлива боја, потоа додадете го бујонот од месото и мешајте со жица. Оставете го на рингла (на средно/висока температура) да се редуцира околу 10 минути. Откако ќе се згусне спремни сте за сервирање на овој врвен ручек.FIC_0168Сервирајте во најголемата чинија која ја имате, наредете го зеленчукот во подножјето на чинијата, па врз него позиционирајте ги колениците, на крај посипете ги со магичниот сос и послужете ги…FIC_0165Сеуште не сум запознал некој кој останал рамнодушен на овој рецепт! Само напред екипа! Направете го рецептов, споделете го со најблиските и уживајте во овој најсветкав месец од годината…FIC_0179

 

 

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар